Достапни линкови

Обама бара од Сенатот да го усвои законот за вработување


Американскиот претседател Барак Обама во неговото денешно редовно радио и интернет обраќање до нацијата бара од Сенатот да го изгласа законот за отворање нови работни места, за чие финансирање се потребни 450 милијарди долари. Според Обама, овој закон ќе помогне да се спречи нов економски пад во Соединетите Држави. Со законот е предвидено намалување на даноците на платите на работниците, а зголемување на даноците за оние што заработуваат над 200.000 долари годишно, поголеми бенефиции за невработените, поголеми вложувања во јавниот сектор и помош за локалните власти да ги задржат на работа наставниците, полицајците и пожарникарите.
XS
SM
MD
LG