Достапни линкови

Нови закани на Северна против Јужна Кореја


Армијата на Северна Кореја денеска се закани со одговор на, како што смета, провокативните акти од Јужна Кореја, вклучувајки ги и пропагандните летоци. Јужно-корејската армија престана со дистрибуција на пропагандните летоци во 2000-та година, но ја обнови оваа практика лани во ноември откако Северна Кореја бомбардираше еден остров кога загинаа 4-ца јужно-корејци. Министерството за одбрана во Сеул не ги коментира психолошките акции против Северна Кореја, истакнувајки дека тие се доверливи.
XS
SM
MD
LG