Достапни линкови

187 деца, жртви на нередите во Сирија од март досега


Обединетите Нации соопштија дека 187 деца биле убиени во Сирија од средината на март досега, при насилното задушување на анти-владините протести. Шефот на Комитетот за правата на децата, Џин Зерматен, ги повика сиријските власти веднаш да престанат со употреба на смртоносна сила против цивилите и да ги спречат насилствата врз децата.
XS
SM
MD
LG