Достапни линкови

Ромите, најчести баратели на азил


Конференција за последиците од злоупотребата на визната либерализација.

Конференција за последиците од злоупотребата на визната либерализација.

Социјалните проблеми со кои се соочуваат, причина што најголем број од Ромите ја користат визната либерализација како можност за иселување од Македонија.

Сто и дваесет прилепчани и 159 граѓани на Битола, се вратени од граничните премини кај Табановце, Блаце и Меџитлија во периодот од мај до август годинава. Како што соопшти СВР-Битола, околу 80% од овие лица се од ромска националност кои со свои возила и со семејствата самоиницијативно сакале да ја искористат визната либерализација, како можност за да се иселат од Македонија во една од европските држави.

Апелирам на ромската заедница дека манипулаторите од туристичките агенции или од одредени групи на Роми или не Роми, некое сонце топло таму може да ги загрее, дека може да ги земат документите за престој, тоа е толку силна афера.
„Најчесто излезот сакаат да го остварат кон Србија, се работи за Табановце и Блаце, а помал број кај нас, се работи за граничниот премин Меџитлија, што се наоѓа во непосредна близина. Конкретно овие лица кои се вратени се најчесто со возила, со превоз. Имавме во делот на Богородица, каде што имаше забрана за излез на автобуси, на туристички агенции и преземени се други санкциони мерки“, вели Николче Ѓорѓиовски, самостоен инспектор за гранична контрола во регионалниот центар во Кавадарци, додавајќи дека Белгија, Германија и Швајцарија, се на листата на најпосакувани држави за целосно иселување.
Архивска фотографија: Враќање на азилантите на скопскиот аеродром.

Архивска фотографија: Враќање на азилантите на скопскиот аеродром.


Но, како што вели министерот без ресор, Неждет Мустафа, за да се спречи злоупотребата на Ромите неопходна е нивна поголема информираност, за реалните можности што ги нуди визната либерализација и последиците од злоупотребите на одредени агенции и поединци.

„Стоп на злоупотребата на визната либерализација“ кој што е проект на секторот за гранични работи и миграции и секторот за полиција и криминалистички работи и се организираат сеуште низа едукативни работилници, трибини на кои што е повикано население и на кои што се разговара за тоа, кои се условите за влез во земјите членки на Европската Унија односно земјите членки на шенген зоната“, информира Магдалена Димитровска од секторот за превенција при СВР Битола.
„Стоп на злоупотребата на визната либерализација“ кој што е проект на секторот за гранични работи и миграции и секторот за полиција и криминалистички работи и се организираат сеуште низа едукативни работилници.

Таа додава дека интересот на граѓаните за оваа тема, се менува од град до град. Но, за да се спречи оваа аномалија повикува на што поголема соработка со граѓаните, зашто тоа е единствен начин да се откријат сите актери на аферите за злоупотреба на лицата кои се обидуваат преку визната либерализација да се здобијат со азил. Што пак од друга страна фрла голема сенка врз вкупните досегашни заложби на државата,за да се стигне до ова ниво, кога граѓаните можат слободно без визи и понижувања да патуваат во која било земја членка на Европската Унија.

„Особено сум разочаран што тука доаѓа на удар ромската заедница и тоа директно имаме такви ноти. Апелирам на ромската заедница дека манипулаторите од туристичките агенции или од одредени групи на Роми или не Роми, некое сонце топло таму може да ги загрее, дека може да ги земат документите за престој, тоа е толку силна афера“, порачува и министерот без ресор Мустафа.

Тој изразува загриженост, зашто овие граѓани не ретко остануваат без куќи и покуќнина, прифајќајќи ја мамката на измамниците за наводно блескава иднина и розов живот преку границите, по неколку часовно патување. Вели има разбирање за сите социјални проблеми на оваа најранлива категорија граѓани, но истакнува дека работите се движат во позитивен правец, дека чекор по чекор се решаваат проблемите.

„Не можам јас од овој мандат сега, да ги решам сите нивни проблеми. Но, еве стипендиите за сите ромски деца се конкретен чекор од Декадата на Ромите, отворените градинки за ромски деца во 12 градови, меѓу кои и вашиот отворени со дневен престој на сите ромски деца, информативните центри за сите нивни проблеми и потреби кои што може мора да ги решаваат информативните центри се тука и подобрување на инфраструктурата во вашиот град, таму каде што живеат Ромите веќе трета година.“

Инаку во Македонија живеат 52.000 Роми. Поголем дел од нив во крајно тешки социјални услови и тие не кријат дека би биле среќни кога би имале можност трајно да се иселат во држави каде ќе си обезбедат подобри услови за живот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG