Достапни линкови

logo-print

Трошоците на живот во септември повисоки за 3,4 насто во однос на лани


Трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември годинава, во однос на претходниот месец се намалени за 0,1 отсто, а во однос на септември лани се зголемени за 3,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2011, во однос на август 2011, намалување е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто, Образование за 0,3 отсто, Облека и обувки за 0,2 отсто, Рекреација и култура и Ресторани и хотели за 0,1 отсто.
Пораст на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 0,8 отсто и останати стоки и услуги за 0,2 отсто.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: алкохолни пијалоци, тутун, домување, вода, електрика, гас и др.горива, мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, здравје и комуникации.
XS
SM
MD
LG