Достапни линкови

Три жени - нобеловки


Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф и активистките Твакул Карман од Јемен и Леимах Гбовее од Либерија - добитнички на Нобеловата награда за мир за 2011 година.

Претседателката на Либерија, Елен Џонсон Сирлиф и активистките Твакул Карман од Јемен и Леимах Гбовее од Либерија - добитнички на Нобеловата награда за мир за 2011 година.

Нобеловата награда за мир во рацете Елен Џонсон Сирлиф, Леимах Гбовее и Твакул Карман.

Три жени – Либериската претседателка, Елен Џонсон Сирлиф и активистките, Леимах Гбовее од Либерија и Твакул Карман од Јемен, се годинешни добитнички на Нобеловата награда за мир вредна 1,5 милиони долари, одлучи денеска Нобеловиот комитет во Осло.
Норвешкиот комитет се надева дека наградата ќе помогне во ставањето крај на потчинувањето на жените кое се уште се случува во многу земји во светот.

72-годишната Џонсон Сирлиф стана прва жена-претседател на држава во Африка во 2005 година. Леимах Гбовее е нејзина сонародничка и активистка. Таа организираше групи жени, христијанки и муслиманки, да им се спротивстават на господарите на војната во Либерија, а Тавакул Карман од Јемен е исто така активист за човекови права.

Претседавачот на Норвешкиот нобелов комитет, Торнбјорн Јагланд изјави:
Тавакуи Карман од Јемен.

Тавакуи Карман од Јемен.


„Норвешкиот комитет се надева дека наградата ќе помогне во ставањето крај на потчинувањето на жените кое се уште се случува во многу земји во светот, како и дека ќе се разбере големиот потенцијал за мир и демократија кој жените може да го презентираат.“​

Тавакул Карман од Јемен е новинар. Таа е мајка на три деца која организираше протести во Јемен против режимот на претседателот Али Абдула Салех, кои започнаа во јануари годинава.

„Насилството имаше позитивен импакт врз психологијата на демонстрантите на позитивен начин. Тие стануваа се погневни и порешителони во остварувањето на своите права“, изјави во април годинава за Радио Слободна Европа, Тавакул Карман од Јемен.

Нобеловиот комитет соопшти дека трите жени ја добија наградата поради нивната ненасилна борба за безбедноста на жените и женските права, како и за целосната партиципација во мировниот процес.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG