Достапни линкови

logo-print

Над 5,5 милиони евра за осум проекти во Македонија


Македонија, за осум проекти добила грантови од Ивестицискиот инструмент за Западен Балкан од над 5,5 милиони евра. Инструментот денеска во Скопје го претставија вицепремиерката Теута Арифи и претставникот на директорат за проширување на Европската комисија Кристос Гофас. Станува збор за проекти кои се многу значајни за доброто на граѓаните на Македонија, изјави Арифи. Кофос информираше дека со инвестицискиот инструмент досега се обезбедени 100 грантови во вредност од 160 милиони евра за 93 инфраструктурни проекти ширум земјите од регионот.
XS
SM
MD
LG