Достапни линкови

logo-print

Дел од училиштата може да останат без греење и без превоз за ученици, бидејќи се соочуваат со недостаток на средства.

Неколку општини имаат проблеми со недостаток на пари во блок дотациите за основно и средно училиште. Особено чувствителна е ситуацијата во општините кои веќе должат од 30 до 60 милиони денари потребни за греење или за превоз на ученици, а некои се со блокирани
сметки.
Не е пресметано зголемувањето на цената на нафтата, не е пресметано зголемувањето на платите на наставниците и професорите, не е пресметан и превозот на учениците.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев нагласува дека кај нив надостасуваат 14 милиони денари за основно и 17 милиони денари за средно образование оваа учебна година. Тоа според него ја покажува неспособноста на владата ставките да ги третира на нови основи.

„Што значи тоа? Значи дека не е пресметано зголемувањето на цената на нафтата, не е пресметано зголемувањето на платите на наставниците и професорите, не е пресметано зголемувањето на цената на градежните материјали кои што се однесуваат ставките за одржување на училиштата, како и за превозот на учениците.“

Поради ова некои градоначалници изразуваат загриженост дека тоа може да предизвика одредени училишта да се соочат со незагреани училници или пак превозниците да кренат раце зошто се очекува да возат за пониски цени, а нафтата е зголемена некаде и за 40 проценти. Од министерството за образоване се бара да се најде решение.

Министерот Панче Кралев во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела, рече дека има различни видувања за системот на дотации. Секоја опптина се соочува со специфични проблеми зошто има специфични услови за работа, коментира министерот. Тој не ги негира барањата за зголемување на дотациите во општините, но нагласува дека бојкотот не е решение на овој проблем и оти имаат континуирана комуникација со општините.

„Дел од овие трошоци варираат, трошокот за гориво, за транспорт итн, тоа не е нешто што е фиксно и што може да го определите од денес за утре, а не пак од почетокот до крајот на годината. Така што во рамки на министерството секогаш имаме некои предивици и размислувања како таа формула што се користи за распределба на средствата да ја подобриме и да овозможиме подобра распределба на овие средства.“

Во рамки на министерството секогаш имаме некои предивици и размислувања како таа формула што се користи за распределба на средствата да ја подобриме и да овозможиме подобра распределба на овие средства.
Експертите од министерството и општините бараат дијалог:

„Мислам дека мора да седнат на заедничка маса и да разговараат бидејќи во некои општини имаме намалување на учениците, ако имаме во Студеничани зголемување. Така што ќе мора веројатно на две или на три години да се прават корекции на т.н. историски трошоци околу финансирањето на општините“, изјави Горан Ангелов поранешен претседател на ЗЛЕС.

Со последниот ребаланс на буџетот нема проектирани сретства за блок дотациите. Општините со проблеми од типот на незагреани училници се соочуваат неколку години.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG