Достапни линкови

Азил, бегство од сиромаштија


Жителите на Липково се жалат дека условите во кои живеат се неиздржливи, што е честа причина за иселувањата во некоја од западноевропските земји.
Жителите на Липково се жалат дека условите во кои живеат се неиздржливи, што е честа причина за иселувањата во некоја од западноевропските земји.

Без соодветни приходи, а со цени кои секојдневно растат, неразвиени региони со лоша инфраструктура - причина за големиот број азиланти од Македонија.

Скоро секое семејство во Липково живее од финансиската помош на својот најблизок кој престојува во некоја од западно европските земји. Бранот на иселување и барање азил во некоја од тие земји, продолжува затоа што условите за живот во тој крај се неиздржливи, раскажува Неџепи Османи, кој живее во Липково.

„Тука е стандардот како да живееме во Америка, секој ден се покачуваат цените, нафтатата, дериватите се покачуваат, струјата поскапува, а немаш прилив на средства, незнам како да се покрие месецот.“

Тука е стандардот како да живееме во Америка, секој ден се покачуваат цените, нафтатата, дериватите се покачуваат, струјата поскапува, а немаш прилив на средства, незнам како да се покрие месецот
Неџепи Османи, село Липково
Мал број од населението во Липково живее од земјоделството. Вработувања нема, а општината нема доволно средства да овозможи подобри услови за живеење, вели Османи. Липково е рурална општина, а децентрализацијата овде е само привидна, раскажува Османи.

„Постоиме како општина, ама сите „конци“ се во рацете на централната власт. Ние имаме една вештачак децентрализација.“

Но, состојбата не е воопшто подобра и кај ромското население во градовите низ земјава. Мухамед Точи од невладината „Месечина“ вели дека генералната слика за условите во кои живеат Ромите не е подобрена. Во период кога се спроведува Декадата на Ромите тие се уште живеат во потпросечни услови, вели Точи.


„Тие населби најчесто се неасфалтирани или дури и ако има асфалт најчесто е изронет, инфраструктурата таму е многу стара. Она со што секојдневно ромското население се соочува е проблемот со тешки социјални случаи кои секојдневно се борат и размислуваат што денеска да сработат за да можат да донесат некаков приход во семејството.“

Тие населби најчесто се неасфалтирани или дури и ако има асфалт најчесто е изронет, инфраструктурата таму е многу стара. Она со што секојдневно ромското население се соочува е проблемот со тешки социјални случаи
Мухамед Точи од невладината организација „Месечина“
Според Точи, Ромите не се најчести баратели на азил во други земји. Тој вели дека тој процент од година на година се намалува. Вели дека повеќето од ромските семејства одат во другите земји за да заработат, но со намера повторно да се вратат во Македонија. Условите со кои тие се соочуваат во тие земји не се воопшто подобри од тука, вели Точи.

„Имав прилика пред некој ден да разговарам со едно семејство коешто заминало во Германија... Условите за живеење што да ви раскажувам, немаат прозор во нивната куќа, немаат повеќе од 40 квадрати, семејството има четири члена, сите се болни.“

На неодамна одржаниот министерски форум за правда и внатрешни работи во Охрид, беше упатена препораката дека ако бројот на азиланти кон Европа не се намали, Западен Балкан може да ја изгуби визната либерализација. Откако минатата година, Македонија се соочи со опасност од укинување на визната либерализација, поради зголемениот број барања за азил, Комитетот за следење на визната либерализација, летово констатираше намалување на оваа тенденција.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG