Достапни линкови

Тим на АРМ во Авганистан


Македонија во мисијата во Авганистан моментално има 165 војници.
Македонија во мисијата во Авганистан моментално има 165 војници.

Шест балкански земји, меѓу кои и Македонија ќе испратат заеднички тим за обука во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО.

Шест балкански земји, меѓу кои и Македонија ќе испратат заеднички тим за обука во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО. Целта е да се зајакне авганистанската народна армија и полицијата за да можат тие сами да ја контролираат ситуацијата во земјата, по целосното повлекување на меѓународните сили во 2014 година. Министрите за одбрана на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, како и Хрватска, Црна Гора и Словенија ги утврдија деталите околу мисијата на состанокот на Северно-атланскиот совет во Брисел.

Сметаме дека ова го јакне кредибилитетот на Армија на Македонија и генерално на државата.
Емил Димитриев, заменик министер за одбрана.
Заменик министерот за одбрана, Емил Димитриев, вели дека таквиот чекор на Македонија и носи голем политички бенефит, бидејќи доприносот кој го дава земјата во Авганистан е забележан од сите земји членки на НАТО.

„Сметаме дека ова го јакне кредибилитетот на Армија на Македонија, генерално на државата бидејќи со ова покажуваме дека ние навистина во ситуации кога сме земја партнер на НАТО, значи не сме земја членка на НАТО, ги делиме и ризиците со НАТО, значи изразуваме една подготвеност за полноправно членство во НАТО.“

Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски вели дека Македонија долги години стратешки е ориентирана кон евроатланските интеграции и едно од основните начела за влез во НАТО е изградбата на добрососедски односи и регионална соработка. Нашата земја има и висок
Мислам дека се гради една слика дека регионот конечно е на вистинската насока и дека треба да му се даде дополнителна поддршка
Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана.
рејтинг во зачувување на светската безбедност со мировните операции кои ги спроведува. Според Еленовски, заедничката мисија е од големо значење за Македонија и нејзиното приклучување во Алијансата.

„Многу е битно во овој период авганистанските безбедносни сили што побрзо да застанат на цврсти нозе, а за тоа треба придонес од сите држави партнери, така што мислам дека во таа насока посебно со сите овие држави од Западен Балкан мислам дека се гради една слика дека регионот конечно е на вистинската насока и дека треба да му се даде дополнителна поддршка.“

Македонија во мисијата во Авганистан моментално има 165 војници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG