Достапни линкови

logo-print

Грчко - германски бизнис форум во Атина


Германскиот министер за економија Филип Рослер ги повика денеска во Атина германските фирми да инвестираат во Грција, и покрај тешката економска криза во земјата.

„Претприемачите треба да ги подобрат економските показатели на Грција со динамика и творечки елан, истакна министерот при отворање на германско-грчкиот бизнис форум во Атина.“

Филип Рослер, кој е во еднодневна посета на Атина заедно со делегација од 70 бизнисмени, ја повика Грција да ги продолжи реформите. Форумот треба да упати „сигнал за доверба“ во период на економски потешкотии за Грција, додаде Рослер.
XS
SM
MD
LG