Достапни линкови

Нови докази за случајот на убиената Политковскаја


Руските власти соопштија дека изнесле нови обвиненија против осомничените за убиството на руската новинарка и критичарка на Кремљ, Ана Политковскаја, која беше убеиена пред 5 години во Москва.
Нејзината смрт се совпадна со роденденот на тогашниот претседател и актуелниот премиер Владимир Путин, кој по смртта на Политковскаја, рече дека нејзината работа била „безначајна“ во Русија.
Пет години по смртта на Политковскаја, која беше позната по нејзините критики за руската корупцијата, војната во Чеченија
и критиките на властите , нејзиниот случај се уште не е завршен. Властите неодамна обвинија поранешен висок полициски офицер дека помагал во организирање на убиството, но се уштеостанува нејасно кој го наредил убиството.
Во соопштението од Амнести интернешнл , објавено по повод годишнината од смртта на Политковскаја, се наведува дека е направен мал напредок за зголемување на безбедноста на новинарите и на бранителите на човековите права, кои се осмелуваат да ги „предизвикаат“ властите во Русија.
XS
SM
MD
LG