Достапни линкови

Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“


Меѓурелигиска толеранција во Македонија“ е темата на меѓународната конференција што денеска ќе биде одржана во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје.
Предвидено е да учество на лидери на верските заедници од Македонија, религиски претставници и експерти од Германија и Босна и Херцеговина, претставници од академската заедница и од медиумите.
Оваа конференција се организира во рамки на проектот „Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог во Македонија преку градење на капацитетите на медиумите и религиските претставници“, финасиран од ЕУ и кофинасиран од Фондацијата Конрад Аденауер.
XS
SM
MD
LG