Достапни линкови

logo-print

ФБИ ќе се справува со сајбер шпионите


Директорот на ФБИ, Роберт Мулер

Директорот на ФБИ, Роберт Мулер

Директорот на ФБИ, Роберт Мулер изјави дека ги следат активностите на сајбер шпионите поврзани со Русија, Кина и Иран. Мулер вели дека сајбер-шпионажата е една од најзначајните и најсложените закани за САД. Како земји од каде доаѓаат заканите од сајбер шпиони, Мулер ги наведе Русија, Иран и Кина. Тој вели дека има десетици случаи кога Кина се обидела да изврши економска шпионажа против САД. Шефот на ФБИ, вели дека цели на сајбер нападите најчесто се војската, другите државни агенции, компаниите за финансии и за телекомуникации. Тој најави дека справувањето со сајбер заканите е еден од врвните приоритети на ФБИ.
XS
SM
MD
LG