Достапни линкови

Белорусија -Апсење на неистомислениците на Лукашенко


Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Белоруската полиција притвори еден од најпознатите социолози во земјата, кој, како што се наведува, требало да ги информира странските дипломати за најновите истражувања за рејтингот на политичките чинители во земјата.

Александар Сасноу, аналитичар од Независниот институт за Социо-економски и политички истражувања, изјави дека основачот на институтот, Олег Манајев, бил уапсен кога излегол од метро-станица во Минск, а подоцна бил ослободен.

Резултатите од последната анкета на институтот покажуваат дека само 20,5 отсто од граѓаните ќе гласале за претседателот Александар Лукашенко, ако изборите се одржеа денеска. 62 отсто од испитаниците одговориле дека не му веруваат на Лукашенко.
XS
SM
MD
LG