Достапни линкови

Гадафи ги повика Либијците на протести против новата власт


Соборениот либиски лидер Моамeр Гадафи денеска ги повика Либиjците да иззлезат во милионски број на протести против новите либиски власти. Во новата аудио порака што денеска беше емитувана на телевизијата Араи чие седиште е во Сирија, Гадафи изјави дека милиони Либијци треба да излезат на плоштадите и улиците во сите градови за да ја отфрлат власта на Националниот Преоден Совет. Советот не знае каде се крие Гадафи но се претпоставува дека се уште е во Либија.
XS
SM
MD
LG