Достапни линкови

Обама го повика Конгресот да дејствува пред да биде предоцна


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека „нема сомнение “ оти економската состојба е послаба отколку што беше на почетокот на годинава и побара од Конгресот да дејствува по неговите планови за зајакнување на економијата и отварање на нови работни места. Тој додаде дека доколку не преземат акција наскоро може да има и поголеми проблеми од оние со кои сега се соочуваат граѓаните. Сенатот ќе ги разгледува предлозите на Обама за време на седницата која е планирана за наредната недела. Обама на прес конференцијата изрази надеж дека членовите на двете страни и Демократите и Републиканците ќе ги поддржат предлозите.
XS
SM
MD
LG