Достапни линкови

Европската Централна Банка им понуди кредити на банките од еврозоната


Европската Централна банка денеска соопшти дека ќе им понуди нови итни заеми на банките за да помогне да се стабилизира финансискиот систем во еврозоната. Претседателот на банката Жан Клод Трише изјави дека Европската Централна Банка ќе понуди неограночен износ на пари за кредити на 12 месеци кои ќе им обезбедат на банките средства за подолг период. Многу европски банки се изложени на загуби поради грчките обврзници што ги купиле. Трише додаде дека банката ќе купи обврзници во вредност од 40 милијарди евра како мерка за стабилизација. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да се сретне со претседателката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард како и со шефовите на Светската Банка и претставници на Г-20 во Берлин каде ќе разговараат за должничката криза во еврозоната.
XS
SM
MD
LG