Достапни линкови

Црвениот Крст пристигна во Сирт


Меѓународната организација Црвен Крст соопшти дека успела да ја помина првата борбена линија во родниот град на Моамер Гадафи Сирт и да достави неколку камиони со хуманитарна помош. Но во соопштението е наведено дека болниците во градот се соочуваат со недостаток на медоцински средства и дека не можат до нив да достават помош затоа што ситуацијата е премногу опасна. Борбите во Сирт меѓу поддржувачите на Гадафи и силите на Националниот преоден совет се уште траат.
XS
SM
MD
LG