Достапни линкови

Балканските земји во заедничка мисија во Авганистан


Македонски војници во Авганистан

Македонски војници во Авганистан

Министрите за одбрана на Македонија, Албанија, БиХ, Хрватска, Словенија и Црна Гора денеска се согласија во Брисел да формираат заеднички воен тренинг тим кој ќе биде дел од НАТО силите во Авганистан, јавува новинската агенција Асошиетед пресс. Тие ги договориле деталите за мисијата која ќе има цел да ја обучува авганистанската воена полиција. Еден од приоритетите на НАТО е да ги подготви авганистанските безбедносни сили кои треба да ја преземат контролата врз земјата по целосното повлекување на меѓународните сили во 2014 та година.
XS
SM
MD
LG