Достапни линкови

Иванов се надева дека ќе победи разумот во спорот со името


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во врска со спорот со името со Грција изрази надеж дека многу скоро ќе надвладее разумот, но и интересите на меѓународната заедница и приоритетот на европската интеграција, и оти овој спор ќе се реши на начин кој е поволен за двете страни. Тој во интервју за српската агенција Танјуг изјави дека Македонија е констуктивна во процесот за надминување на спорот за името и повеќе пати укажала дека предлозите на посередникот на Обединетите Нации Метју Нимиц се добра основа за решавање на проблемот но како што вели другата страна не ги прифаќа предлозите.
XS
SM
MD
LG