Достапни линкови

logo-print

Басеску:Ние ве поддржуваме ама мора да се реши спорот со името


Романија безрезервно ја поддржува интеграцијата на Македонија во Европската унија и НАТО, но одлуките за тоа се носат колективно од сите земји-членки и затоа е потребно да се реши спорот за името. Ова денеска го изјави романскиот претседател Трајан Басеску по средбата со македонскиот колега Ѓорге Иванов. Басеску истакна дека без разлика каков ќе биде текот на настаните меѓу Македонија и Грција, Романија секогаш безрезервно ќе го поддржува вклучувањето на земјата во НАТО и ЕУ. Романија и Македонија потпишаа два билатерални договори од областа на научната, економската и техничката соработка и од областа на туризмот.
XS
SM
MD
LG