Достапни линкови

logo-print

Купер во посета на Белград


Посредникот од Европската Унија во дијалогот на Косово и Србија Роберт Купер денеска ќе пристигне во Белград за да разговара за закочените преговори по тензиите во Северно Косово. Портпаролот на еврокомесарот за надворешни работи Маја Коцијанчич изјави денеска дека Купер ќе ја посети и Приштина во текот на наредната недела. Преговорите беа прекината на 28- ми септември по судирите на војниците од КФОР со локалните Срби кои поставија блокади на граничните премини. Српскиот преговарач Борислав Стефановиќ изјави денеска дека сака да рзговара со европскиот посредник за ситиацијата на граничните премини.
XS
SM
MD
LG