Достапни линкови

Експертите, но и граѓаните изразуваат сомнеж во реалноста на податоците кои ќе произлезат од пописот, со оглед на техничките проблеми и политизацијата кои го следат.

Пописот од статистичка операција се претвори во матeријал за политички препукувања. И покрај сите шпекулации дека е во критична фаза, дека не се спроведува според закон, дури и дека ќе се пролонгира, од Државната пописна комисија велат дека од почетокот на пописот пред шест дена до сега многу работи се подобрени од технички аспект, но дека има и недостатоци.

Сето тоа остава траги и сомнежи кои после даваат политичка димензија и се доаѓа до одреден заклучок, дека пописот до некаде бил успешен, не е успешен, па после доаѓа фаза на непризнавање од одредени политички партии

Портпаролот на комисијата Кирил Барбареев вели дека сега се формирани повеќе од 70 проценти од попишувачките тимови.

„Одредени членови на пописни комисии и одредени други лица сугерираат на одредени попишувачи да го извршуваат пописот врз основа на фотокопија документи и врз основа на она што беше претставено во јавноста од некои членови на ДПК и за лица коишто подолго од 12 месеци престојуваат во Македонија.“

Барбареев вели дека во моментот нема иницијативи и разговори за пролонгирање на пописот.

„Доколку седмиот-осмиот ден се процени дека одредена динамика не е според планираното, тогаш може да се отвори тоа прашање, да се разговара во интерес на процесот.“

Меѓутоа реалноста е таа, никогаш нема да имаме точна бројка на населението односно на процентуална застапеност на албанско и македонско население

Пописот добива политичка димензија, а од тоа произлегуваат и потешкотиите во спроведувањето на истиот, вели аналитичарот Исмет Рамадани.

„Сето тоа остава траги и сомнежи кои после даваат политичка димензија и се доаѓа до одреден заклучок, дека пописот до некаде бил успешен, не е успешен, па после доаѓа фаза на непризнавање од одредени политички партии, мислам дека и понатаму останува проблем пописот во однос на политичката димензија во Македонија.“

Затоа што се е политички, се е наместено во Македонија

Паралелно со пописот, одат и рекламите со кои се повикуваат граѓаните да се попишат. Попиши се, тоа е за иднината твоја и наша, е пораката со која се повикуваат граѓаните. Граѓаните велат дека ќе се попишат, но тоа нема да им го намали сомнежот во реалноста на резултатите.

„Меѓутоа реалноста е таа, никогаш нема да имаме точна бројка на населението односно на процентуална застапеност на албанско и македонско население.“

„Затоа што се е политички, се е наместено во Македонија.“

Пописот се спроведува од 1 до 15 октомври. Првите пописни податоци Државниот завод за статистика ќе ги објави во декември 2011 година, а конечните податоци најдоцна до февруари 2013 година.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG