Достапни линкови

logo-print

Власта задоволна од извештајот на ЕК во кој очекува повторување на препораката за преговори, a опозицијата го критикува неуспехот да се добие датум за преговори.

Власта задоволна од тоа што се подготвува во Брисел во есенскиот извештај на Европската Комисија. Причина за ваквото расположение кај вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи е очекувањето да се повтори препораката за почеток на преговорите, годинава по третпат, иако со статус кво во однос на напредокот поради блокадата од Грција.
Овогодишниот извештај што ќе го добие Македонија секако дека ќе биде чекор напред за нашата држава во однос на остварените реформи.


Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ истоветноста на овогодинешниот извештај во однос на ланскиот не ја гледаат и како стагнација во однос на реформите туку исклучиво во однос на како што велат политичката логика што го следи извештајот.

x
„Овогодишниот извештај што ќе го добие Македонија секако дека ќе биде чекор напред за нашата држава во однос на остварените реформи, меѓутоа во однос на политичката логика поврзана со некои меѓународни политички околности во коишто егзистира Македонија е причина да констатираме дека ние во основа ќе имаме слични извештаи“, изјави Александар Спасеновски од оваа партија.

Она што на Македонија навистина и треба и треба да се направат чекори за да одиме понапред и да добиеме датум за преговори.
За опозицијата, задоволството од ваквиот извештај е неоправдано и само ја покажува незаинтересираноста на властите за ецвроинтеграциите.

„Она што на Македонија навистина и треба и треба да се направат чекори за да одиме понапред и да добиеме датум за преговори. Опозицијата, верувам дека со тоа ќе се сложат и останатите опозициони политички партии, смета дека тоа не е напредок и во никој случај не треба да бидеме задоволни од еден ваков извештај“, изјави Соња Мираковска од опозициската НСДП.

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи најави дека годинава се очекува да бидат повотрени забелешките за земјава во областите како што се судството. Јавната администрација и медиумите. Деблокирањето на процесот на евроинтеграции како што и самата изјави ќе зависи од решавањето на спорот за името.

Дали третата по ред препорака ќе претставува притисок Советот на ЕУ да ни додели датум за преговори, рече Арифи, ќе зависи од тоа колку ќе се искористи периодот до декемврискиот самит за да се влијае на одлуката во што решавањето на спорот со Грција ќе има клучно значење.
XS
SM
MD
LG