Достапни линкови

САД со критики за недејствувањето на Советот за Безбедност


Соединетите Држави повторно го критикуваа Советот за Безбедност на Обединетите Нации за неусвојувањето на резолуцијата со која се осудува режимот во Сирија за насилствата врз демонстрантите. Државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека Советот за Безбедност ја избегнува одговорноста, а Русија и Кина, кои ставија вето врз нацрт резолуцијата, му должат објаснување на сиријскиот народ. И генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун оцени дека Советот има морална обврска да дејствува превентивно во спречувањето на крвопролевања и да му помогне на сиријскиот народ.
XS
SM
MD
LG