Достапни линкови

Протести против странските сили во Кабул


Стотици авганистанци демонстрираат денеска во Кабул, барајки повлекување на странските сили од Авганистан. Некои демонстранти извикувале анти-американски слогани, а било запалено и американското знаме, но протестите биле мирни. Утре се одбележуваат 10 години од американската инвазија врз Авганистан за соборување на талибанскиот режим во таа земја. Во Авганистан моментално има 140.000 странски војници, повеќето од нив американци.
XS
SM
MD
LG