Достапни линкови

Почина визионерот на Apple


Стив Џобс.

Стив Џобс.

Стив Џобс, еден од најголемите светски иноватори во компјутерската технологија и другите слични продукти, почина на 56-годишна возраст.

Стив Џобс, визионерот кој стоеше зад успесите на Ејпл и го смени светот на компјутерите и мобилните телефони, почина на возразт од 56 години. Џобс долго време боледуваше од рак и пред 6 недели се повлече од функцијата извршен директор на Ејпл.

Стив Џобс во 70-тите години, како 21-но годишник, беше коосновач на Ејпл, заедно со Стив Возниак. Но, Џобс беше главната дивжечка сила на Ејпл со иновациите во компјутерската технологија и другите продукти, како Мекинтош, Ајфон, Ајпад, Ајпед.

Американскиот претседател Барак Обама, во првата реакција по смртта на Стив Џобс, истакна дека тој беше еден од најголемите американски иноватори, доволно храбар да размислува поинаку од сите, со вреба дека може да го смени светот и доволно талентиран за да го стори тоа. Од работилница во гаража, изгради една од најуспешните компании во светот, истакна Обама.
Колку пати сте оделе со Це-Де плеер и си велите – Ох не го земав це-дето што сакав да го слушам. Сега можете да ја имате со себе целата музичка колекција во својот џеб и да ја слушате кога сакате.

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс оцени дека се ретки луѓето како Стив Џобс кои имале толкаво влијание врз светот на технологијата и чии иновации ќе имаат ефект врз многу идни генерации.

Некои од револуционерните иновации на Стив Џобс беше и Ајтјунс во 2001-ва година, а потоа и Ајподот, за организирање, слушање и гледање музика и видеа. На промоцијата на Ајподот, Џобс изјави:

„Ова е огроомно. Колку пати сте оделе со Це-Де плеер и си велите – Ох не го земав це-дето што сакав да го слушам. Сега можете да ја имате со себе целата музичка колекција во својот џеб и да ја слушате кога сакате.“

Во 2007-ма година, Џобс го промовира првиот Ајфон, со функции на допир на екранот и илјадници апликации, кој беше пресвртница во мобилната телефонија во светот. Во 2010-та година се појави и Ајпадот, комјутер, кој функционира комплетно на допир. Аналитичарите од технолошкиот сектор оценуваат дека со Стив Џобс, Ејпл ги преземаше концептите од други и ги претвораше во совршени продукти. Дури и самиот Џобс во едно интервју изјави:

„Пикасо еднаш рече – добрите уметници копираат, најдобрите, - крадат. Ние не се срамиме да ги украдеме најдобрите идеи.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG