Достапни линкови

Почина таткото на ајфон, Стив Џобс


Поранешниот извршен директор на компанијата Ејпл(Apple), Стив Џобс почина на 56-годишна возраст. Toj боледуваше од рак на панкреасот. Пред два месеци, ја напушти челната функција на компанијата.

Стив Џобс е еден од луѓето кој го сменија светот на персоналните компјутери. Тој е еден од „виновниците“ за Мекинтош, ајфон и ајпод. Џобс ја основа мултимилионската компанија Ејпл на 21 година на крајот на 70-тите заедно со неговиот пријател Стив Возниак.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Џобс е еден од најголемите американски иноватори. Првиот човек на Мајкрософт, Бил Гејтс, пак, вели дека ретко се наоѓа човек што извршил толку големо влијание како Џобс и оти ефектите на неговите иновации ќе ги чувствуваат уште многу генерации. Австралиската премиерка Џулија Галард рече дека Џобс е креативен гениј, кој „буквално го смени светот“.
XS
SM
MD
LG