Достапни линкови

logo-print

Хилари Свонк на роденден кај чеченскиот претседател Рамзан Кадиров

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров и фудбалската ѕвезда Диего Марадона на пријателски фудбалски натпревар на свеченото отворање на новиот стадион Ахмад Хаџи Кадиров во Грозни на 11 мај 2011 година.

Голем број холивудски филмски ѕвезди присуствуваа на прославата на 35 роденден на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров во главниот град на земјата, Грозни. На роденденот на претседателот, кој има поддршка од официјален Кремљ можеше да се забележат двократната оскаровка Хилари Свонк и поранешната акциска ѕвезда Жан Клод Ван Дам.

На свеченоста свиреше познатата виолинистка Ванеса Меи, а Кадиров излезе на бината и играше традиционални танци.

На прославата, што заврши со голем огномет во центарот на Грозни, присуствуваа голем број руски филмски ѕвезди, славни личности и политичари.

Кадиров долго време е мета на критики за нарушување на основните човекови права во Чеченија.
XS
SM
MD
LG