Достапни линкови

Сара Пејлин не сака да биде претседателски кандидат


Сара Пејлин, заедно со канидатот за претседател Џон Мекејн, во кампањата за претседателските избори во 2008 година.

Сара Пејлин, заедно со канидатот за претседател Џон Мекејн, во кампањата за претседателските избори во 2008 година.

Поранешната републиканска гувернерка на Алјаска, Сара Пејлин, објави дека нема да се бори за претседателската функција на изборите во ноември 2012 година. На претходните избори, Пејлин беше кандидат за потпретседател, доколку на изборите победеше републиканскиот кандидат Џон Мекејн. Главни претенденти на кандидатура за претседател од републиканската партија, кои сакаат да му се спротивстават на актуелниот демократски претседател Барак Обама, се поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни и гувернерот на Тексас Рик Пери.
XS
SM
MD
LG