Достапни линкови

Награда за храброст за новинари од Бахреин, Белорусија, Мексико и Пакистан


Главната уредничка на Чартер 97 во Белорусија, Наталија Радзина.

Главната уредничка на Чартер 97 во Белорусија, Наталија Радзина.

Комитетот за заштита на новинари им ја додели годишната Меѓународна награда за слобода на печатот на новинари од Бахреин, Белорусија, Мексико и Пакистан, како признание за храбро новинарство.

Наградата ќе им биде доделена на Мансур Ал Џамри од весникот „Ал васат“ во Бахреин, главната уредничка на опозицискиот сајт „Чартер 97“ од Белорусија, Наталија Радзина, Хавиер Артуро Валдез Карденас од весникот Риодосе од Мексико и Умар Чима од пакистанскиот весник Њуз.

Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи во Њујорк на 22 ноември.
XS
SM
MD
LG