Достапни линкови

Косово една од темите на средба на членките на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска ја отвори дводневната средба на министрите за одбрана на членките на Алијансата на која една од темите ќе биде Косово. Расмусен во својот говор изјави дека воените операции што се одвиваат во Авганистан и Либија покажуваат дека НАТО ја има клучната улога во совладувањето на актуелните предизвици. Претходно тој во интервју за Гласот на Америка изјави дека ситуацијата на северот на Косово и улогата на КФОР ќе бидат една од клучните точки на состанокот на министрите за одбрана на државите членки на оваа воена Алијанса.
XS
SM
MD
LG