Достапни линкови

Давитиглу го критикуваше ветото на Русија и Кина


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска го оцени како „неправилен“ неусогласениот став на меѓународната заедница во однос на Сирија. Тој изјави дека тоа што се случува во Сирија не е внатрешно прашање затоа што таму се случува трагедија на човештвото. Давитоглу додаде дека мора да се поддржат напорите на сирискиот народ за ставање крај на насилствата.
Претходно турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе предложи пакет санкции против Сирија и ќе стави ембарго на извозот на оружје за Сирија независно од тоа што не беше изгласана резолуцијата во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Русија и Кина денеска ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која се осудува Сирија. Резолуцијата беше поднесена од Франција, Германија, Велика Британија и Португалија.
XS
SM
MD
LG