Достапни линкови

Корупциска измама во косовската полиција


Полицијата на ЕУЛЕКС денеска уапси шест луѓе под сомнение за вмешаност во корупција и измами при купување на оружје за косовската полиција. Ова го изјави портпаролот на ЕУЛЕКС , Ирина Гунделевиќ. Таа додаде дека истрагата се однесува на процедурата за снабдување со оружје на косовската полиција со што е претрпена штета во вредност од неколку милиони евра. Меѓу уапсените се двајца полицајци и вработен во министерството за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG