Достапни линкови

Истражители за извештајот на Марти ќе пристигнат во Албанија


Обвинител од Европската унија ќе ги испитува тврдењата дека криминална група продавала човечки органи за време на војната во Косово, изјави денеска шефот на мисијата на ЕУ во Косово, Ксавие де Марнак. Toj при посетата на Тирана истакна дека во Албанија во следните недели ќе пристигнат истражители на Обвинителството кои ќе ги испитаат наводите за трговија со човечки органи.
Специјалниот пратеник на Советот на Европа, Дик Марти минатата година објави извештај во кој се наведува дека за време на војната косовскиот премиер Хашим Тачи и другите лидери на поранешната Ослободителна војска на Косово имале информации или биле инволвирани во нелегалната трговија со човечки органи.
Тачи ги демантираше таквите наводи.
XS
SM
MD
LG