Достапни линкови

САД и Европа со критика за ветото на Русија и Кина во ОН


Сузан Рајс

Сузан Рајс

Соединетите држави и европските сојузници денеска го критикуваа ветото на Русија и Кина на предлог резолуцијата во Обединетите Нации против Сирија поради задушувањето на антивладините протести. Франција, Германија, Британија и Португалија кои ја предложија резолуцијата, го прогласија вчерашниот ден за „тажен ден“ за Сириците, ОН и меѓународното право.
Американскиот амбасадор во ОН Сузан Рајс изјави дека Вашингтон е навреден затоа што Советот не успеа да одговори на моралниот предизвик и на растечката закана за регионалниот мир и безбедност.
Русија вчера ја нарече „неприфатлива“ предлог мерката против Сирија.
Во меѓувреме руското министертво за надворешни работи соопшти дека кон крајот на месецов во Москва ќе пристигне делегација од сириската опозиција и претставници на сирискиот национален опозициски совет со седиште во Истамбул.
XS
SM
MD
LG