Достапни линкови

„Новинари без граници“ загрижени за лажното судење на новинар на РСЕ


Меѓународната организација „ Новинари без граници“ денеска изразија голема загриженост за, како што го нарекоа, „лажносто судење “ против новинарот на Радио Слободна Европа во Туркменистан.Во соопштението на организацијата е наведено дека дописникот Довиетмурат Јажкулиев е затворен од властите во Ашхабат поради наместено обвинение за охрабрување на роднина да изврши самоубиство. Тие сметаа дека е јасно оти со апсурдното обвинение новинарот е казнет за неговото истражувачко новинарство.
„Со криминализираното новинарство, со судскиот ситем во земјата кој е далеку од независен и со лошите затворски услови стравуваме од најлошото“ , се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG