Достапни линкови

Над 20 илјади луѓе на протест во Атина


Околу 20 илјади демостранти денеска маршираат во Атина во знак на протест поради новите владини мерки за штедење. Полицијата употреби солзавец за да растури мала група на демостранти кои фрлале камења врз парламентот. Јавната администрација и јавниот транспорт и аеродромот денеска не работеа.
Грчката влада и денеска води разговори со меѓународните ревизори кои испитуваат колку реформи направила земјата и дали може да ја добие следната транша од спасувачкиот пакет.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Брисел ќе разговара со претставници од ЕУ за начини на надминување на должничката криза во еврозоната.
XS
SM
MD
LG