Достапни линкови

Меркел во Брисел на разговори за еврозоната


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска во Брисел ќе разговара со претставници на Европската унија за начините за надминување на должничката криза во еврозоната. До ова доаѓа откако министрите за финансии на 17 членки на еврозоната вчера ја одложија одлуката за исплаќање на новата транша од пакетот за помош на Грција која се соочува со банкрот. Во меѓувреме, Франција и Белгија и дадоа гаранци на заедничката банка Дексиа откако акциите на банката драматично загубија во вредност поради нејзината изложеност на грчкиот долг. Агенцијата Мудис вчера и го намали кредитниот рејтинг на Италија за три нивоа.
XS
SM
MD
LG