Достапни линкови

Панета: војската на САД со парични проблеми


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета изјави дека американската војска се соочува со длабоки намалувања на буџетот и поради тоа не ќе може да ги пополни сите недостатоци во НАТО. Во говорот на еден состанок во Брисел, како што јавуваат агенциите, Панета побарал од сојузниците заедничко споделување на товарот во областа на безбедноста во моменти кога светот се соочува со штедење. Панета е во Брисел на министерската средба на НАТО, посветена на мисиите на Алијансата во Либија, Авганистан и на Косово.
XS
SM
MD
LG