Достапни линкови

Тачи - Нема политички разговори за Косово


Косовскиот премиер, Хашим Тачи.

Косовскиот премиер, Хашим Тачи.

Реципрочното признавање меѓу Косово и Србија ќе биде најприфатливо решение за целиот свет. Ова го изјави премиерот на Косово Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, под никакви околности не треба Србите на Косово да се идентификуваат со баркикадите.

Најважно е Србија да ја прифати новонастанатата реалност на Косово, додека меѓусебнотото признавање би било постепено со цел двете суверени држави да продолжат по патот на евроатлантските интеграции, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, во интервју со дописникот на Радио Слободна Европа од Приштина, Албана Исуфи.
x


„Со Србија ќе имаме односи како и со другите соседни земји. Такво нешто, односно политички дијалог не е на работните маси ни во Приштина, ни во Брисел, ни во Вашингтон. Целиот свет поддржува изградба на добрососедски односи и заеднички спогодби за реципрочно признавање.“

Премиерот Тачи додава дека единствено решение за северот на Косово е целосно спроведување на планот на Ахтисари, односно воспоставување ред, демократија, економски развој и слободни избори.
Единствено решение за мнозинството граѓани на северот е нивна интеграција, а тие веќе постепено изразуваат подготвеност за тоа. Тие се дистанцираат од илегалните и криминални групи кои ќе се соочат со правдата.

Тој оцени дека владата на Косово не е во конфликт со граѓаните на северот, туку дека посветено работи да им се приближи.

„Единствено решение за мнозинството граѓани на северот е нивна интеграција, а тие веќе постепено изразуваат подготвеност за тоа. Тие се дистанцираат од илегалните и криминални групи кои ќе се соочат со правдата. Според тоа, Косово и во иднина во тој дел ќе има меѓународно надгледување и поддршка“, изјави Тачи.

Тој додава дека под никакви околности не треба Србите на Косово да се идентификуваат со барикадите и со, како што вели, „изолиран и блокиран менталитет“.

Од друга страна, тој наведува дека и на Приштина дефинитивно и е потребен нов пристап, нова политика со цел зближување со граѓаните на северот на Косово.

Најбитно, според него, е тоа што е загарантиран територијалниот интегритет на Република Косово и оти полицајците се на граничните премини кон Србија.

„Сите патишта за илегална трговија се блокирани. Организираниот криминал, кој циркулираше од Србија кон Косово е максимално намален. Уште многу треба да се направи, но, во исто време колку што сме решени за ред и закон, толку сме решени и за демократија и економски развој во тој дел на Косово“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG