Достапни линкови

Регионален состанок за проекти финансирани од ЕУ


Теута Арифи

Теута Арифи

Околу 200 учесници од седум земји од регионот на Западен Балкан учествуваат на денешниот координативниот состанок во Скопје, организиран од Техничката помош за инфраструктурни проекти во рамките на Генералниот директорат за проширување при Европската комисија. Работилницата ја отвори вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи која истакна дека станува збор за инструмент кој од страна на Европската унија во соработка со Европската банка за обнова и развој е поставен за подобра координација на земјите од Западен Балкан во однос на барање на заеднички фондови од ЕУ и нивно стратешко планирање согласно инвестициските приоритети на секоја од земјите. Проектите кои произлегуваат од оваа иницијатива се главно од сферата на животната средина, транспорт, човечки ресурси, како и развојни проекти.
XS
SM
MD
LG