Достапни линкови

logo-print

Ирак против имунитет за американците


Ирачките политички лидери не сакаат да им гарантираат имунитет на американските трупи од судења доколку биде постигнат договор тие да останат во земјата по истекот на годинава за да ја тренираат ирачката војска. Ова се наведува во соопштението издадено по синоќешните разговори на лидерите на политичките блокови на ирачките шиити, сунити и курди кај шефот на државата Џалал Талабани. Според досега договореното, до крајот на годинава треба од Ирак да се повлечат сите американски војници, но Багдад најави дека некои од нив би можело да останат како тренери. Во Ирак во моментов има околу 40 илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG