Достапни линкови

Генерален штрајк во Грција


Во Грција се одржува 24 часовен штрајк, во организација на двата најголеми синдиката во земјата, на државната администрација и на вработените во приватниот сектор. Штрајкот е во знак на протест против владините планови за отпуштање илјадници државни службеници, со цел да бидат исполнети условите за меѓународниот спасувачки план. Поради штрајкот железничкиот сообраќај ќе биде блокиран, а се очекува да се јават проблеми и во авиосообраќајот. Училиштата ќе бидат затворени, а болниците ќе работат со намален медицински персонал. Штрајкот го поддржа лидерот на Комунистичката партија Алека Папарига која предвидува дека намалувањето на работните места во државниот сектор ќе надмине 200 илјади.
XS
SM
MD
LG