Достапни линкови

logo-print

Состанок на министрите за одбрана на НАТО


Денеска во Брисел ќе започне дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите- членки на НАТО. Главни теми на собирот ќе бидат натамошните реформи на Алијансата, анализа на досега усвоените документи и процеси, одбранбената трансформација, како и актуелните сојузнички операции во Либија, Авганистан и во Косово.
Предвидено е и потпишување на Меморандум за разбирање меѓу учесниците на Школата на воената полција во Кабул, односно министрите за одбрана на Македонија, Хрватска, Црна Гора и Албанија.
XS
SM
MD
LG