Достапни линкови

И Мудис го намали кредитниот рејтинг на Италија


Инвестициската агенција Мудис го намали кредитниот рејтинг на италијанската влада на „А2“ и и даде на Италија „негативни изгледи“. Во соопштението од агенцијата се вели дека „негативните изгледи“ ги одразуваат тековните економски и финансиски ризици во Италија и во еврозоната, поради сериозни должнички проблеми во некои земји, како што е Грција. Мудис соопшти дека Италија со својот нов рејтинг покажува дека останува подложна на финансиски шокови, но оти сеуште не постои ризик од неисполнување на обврските од страна на државата.
Во минатиот месец кредитниот рејтинг на оваа земја беше намален и од агенцијата Стандард и Пурс.
XS
SM
MD
LG