Достапни линкови

Растурени антивладини протести во Москва


Руската полција разбила еден опозициски протест во Москва и уапсила 26 лица, соопшти портпаролот Генади Бугачов. Полицијата го растурила протестот пред една метро- станица, неколку минути откако активисти формирале синџир со своите тела и почнале да извикуваат пароли против премиерот Владимир Путин. Демонстрантите исто така се обиделе да размотаат транспаренти на кои имало критики за претстојните парламентарни и претседателски избори.
XS
SM
MD
LG