Достапни линкови

Ослободителна пресуда за фармерот Душко


Душко Илиевски

Душко Илиевски

Основниот суд од Битола донесе ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски кој беше осомничен за недозволено одгледување марихуана.

Основниот суд од Битола донесе ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски, неговиот татко Томе и брат му Цане, кои пред една година беа осомничени од страна на полицијата дека недозволено одгледувале марихуана. Ослободителната пресуда ја донесе судијата Миле Димовски по неколку одржани рочишта од судскиот спор кој во изминатите месеци се водеше во битолскиот суд.
Правината излезе на дело покажав дека сум невин, дека сум чесен земјоделец и дека со семејството не се занимаваме со дроги и нечесни работи. Тоа го увиде и судот. Сето ова се политички монтирани процеси зошто им бев водач на млекарите

Дали одлуката ќе стане правосилна ќе зависи од тоа дали обвинителството ќе ја обжали пред Апелациониот суд. Пресудата донесе голема радост и олеснување кај семејството Илиевски кои велат дека целиот процес бил политички монтиран.
Фармерот Душко Илиевски, неговиот татко Томе и брат му Цане, беа осомничени од страна на полицијата за недозволено одгледувале марихуана.

„Правината излезе на дело покажав дека сум невин, дека сум чесен земјоделец и дека со семејството не се занимаваме со дроги и нечесни работи. Тоа го увиде и судот. Сето ова се политички монтирани процеси зошто им бев водач на млекарите, ја барав правината за „Сведмилк“ и мислев дека ќе има некаква разрешница. Но, наместо тоа на крај јас завршив лошо со кривични и прекршочни пријави, а и семејството ми го зедоа под нозе“, вели Илиевски.

Според адвокатот на фармерите, Васко Ѓоргиев, во образложението на пресудата стои дека во дејствијата на обвинетите намало елементи на кривично дело. Со вештачењето што го побарала одбраната се докажало дека марихуаната била самоника.
Кај нас сите видов на канабис ги изедначувавме и за сите обвиненија се влечеше иста постапка. Во иднина треба да се внимава која врста е. Канабис индика е таа од која се произведува наркотичната дрога, а за оваа врста на канабис апсолутно е неосновано да се поведат постапки.


„Се расчисти дилемата дали овој канабис е релевантен за правење наркотични дроги. Се разјасни прашањето за постоење на повеќе видови канабис. Кај нас сите видов на канабис ги изедначувавме и за сите обвиненија се влечеше иста постапка. Во иднина треба да се внимава која врста е. Канабис индика е таа од која се произведува наркотичната дрога, а за оваа врста на канабис апсолутно е неосновано да се поведат постапки“, вели Ѓоргиев.

Илиевски се уште не размислиле дали за случајот ќе ја тужат државата и ќе бараат обештетување. Против тројцата, минатото лето полицијата поднесе кривична пријава за недозволено одгледување марихуана, откако од нивната нива во Битолско поле откорна 207 стебла за кои тврдеше дека е канабис сатива. Фармерите поминаа и 12 дена во притвор.

Ова е трета ослободителна пресуда за кривични и прекршочни пријави што против Душко во изминатите две години ги имаше поднесено полицијата. Ослободен е и од обвинението дека го омаловажил премиерот и дека упаднал во кабинетот на градоначалникот на Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG