Достапни линкови

Изгаснат е пожарот што го зафати новиот театар во Скопје


Пожарот е изгаснат, нема жртви, ни повредени при огнената стихија што ја зафати покривната конструкција на новиот театар во Скопје на кејот на Вардар. Контролорот на изградбата на објектот Борјнка Серафимовиќ изјави дека пожарот избил на дрвната потконструкција која се наоѓа над мутимедијалната сала, а врз која има и бетонска плоча и дека материјалната штета ќе биде незначителна. Таа додаде дека објектот е целосно осигуран и штетата ќе биде целосно надокнадена.
XS
SM
MD
LG